Паметни алатки за паметни бизниси кои целат кон нови височини
Паметни алатки за паметни бизниси кои целат кон нови височини
Паметни алатки за паметни бизниси кои целат кон нови височини
Паметни алатки за паметни бизниси кои целат кон нови височини
СЕТТЕ Медиа Мониторинг врши мониторинг на печатените медиуми во Р. Македонија.
Вршиме селекција и дигитализација на информации од печатените медиумите, кои можат електронски да се архивираат и пребаруваат повеќе години по нивното објавување. Нашите клиенти добиваат дополнителни релевантни информации во дигитален формат кои не можат да се најдат на интернет.
Press Clipping извештаите содржат информации (објавени текстови, рекламни пораки, соопштенија, огласи, конкурси и сл.) од печатените медиуми. Информациите се утврдуваат преку користење на клучни зборови или теми на интерес (банкарство, инвестиции, млечна индустрија, стоматологија и сл.). Бидете целосно информирани.
Executive Brief извештаите содржат краток преглед на информации (објавени текстови) избрани според Вашите потреби. Бидете информирани и заштедете на време. Advertising Clipping извештаите претставуваат приказ на сите рекламни пораки објавени во печатени медиуми, значајни за Вас. Извештајот содржи статистички податоци за рекламните пораки, нивен споредбен неделен и/или месечен преглед поделен по медиуми, сектори и компании, како и преглед на потрошените финансиски средства. Следете ги промените во медиумскиот буџет на Вашите конкуренти.
HR Clipping извештаите содржат целосен преглед на сите огласи за вработување објавени во печатените медиуми.
Извештаите и анализите од мониторинг услугите се изработуваат за временски период и формат кој Вам најповеќе Ви одговара. Извештаите и анализите се доставуваат преку електронска пошта како најбрз, најпрактичен и едноставен систем за препраќање, архивирање и печатење. Нашата грижа за корисници ја покажуваме преку добивање на компакт диск со архивата од испратените содржини објавени во печатените медиуми.