Не пропуштајте ни збор
Вашиот информативен партнер
SETTE вести
23.12.2008 · Бизнис конференција
SETTE Media Monitoring учествуваше на регионалната конференција за мали и средни претпријатија одржана во Бар, Црна Гора
29.11.2008 · Учество на саем
SETTE Media Monitoring учествуваше на меѓународнит саем за претприемништво „Бизнис база 2008“ одржан во Белград, Србија
Сите тендери на Вашиот e-mail.
Претплати се
Доколку сакате да знаете што е напишано за вас и вашата компанија...
Доколку сакате да бидете информирани за новите случувања од вашата област...
Доколку сакате да ја следите вашата конкуренција...
Доколку сакате да ги следите вашите медиумски објави и маркетинг кампањи...
... тогаш дозволете да бидеме Ваши партнери
Нашите услуги подразбираат систематско следење и електронска обработка на печатените медиуми од нашата држава, претставени преку следните пакети:
Стандарден прес клипинг извештај
- Содржи информации (објавени текстови) во печатените медиуми, автентичен изглед и нивна транскрипција.
- Корисниците со помош на нашата компанија утврдуваат клучни зборови или теми кои се од нивен интерес (банкарство, берза, инвестиции, земјоделство, сточарство, медицина, и сл.)
- Секоја информација објавена во извештајот е надополнета со следните пропратни елементи (медиум каде е објавена, датум на објавување,насловна страна, број и позиција на страна, налов, наднаслов и поднаслов, клучни зборови, автор на информацијата, површина која ја зафаќа и SIF (SETTE Impact Factor).
- Извештајот е во електронски (PDF) формат прилагоден за пребарување, со можност за соодветно прилагодување на Вашите потреби
- Се изработува и доставува секојдневно, со можност за збирен неделен или месечен извештај.
Executive Brief извештаи
- Содржат краток преглед на информации (објавени текстови) избрани според Вашите потреби.
- Информацијата е прикажана во скратена текстуална форма, пропратена со додатни параметри (медиум на објавување, датум, број на страна и SIF (SETTE Impact Factor).
- Извештајот е во електронски (PDF) формат прилагоден за пребарување, со можност за соодветно прилагодување на Вашите потреби.
- Се изработува и доставува секојдневно, со можност за збирен неделен или месечен извештај.
- Главната цел на динамичниот клипинг е целосна информираност на корисниците со максимална заштеда на време.
Тотален прес клипинг извештај
- Содржи информации (објавени текстови, рекламни пораки, соопштенија, огласи, конкурси и сл.) објавени во печатените медиуми, прикажани во автентичен изглед и нивна транскрипција.
- Корисниците со помош на нашата компанија утврдуваат клучни зборови или теми кои се од нивен интерес (банкарство, берза, инвестиции, земјоделство, сточарство, медицина, и сл.).
- Секоја информација објавена во извештајот е надополнета со следните пропратни елементи (медиум каде е објавена, датум на објавување,насловна страна, број и позиција на страна, налов, наднаслов и поднаслов, клучни зборови, автор на информацијата, површина која ја зафаќа и SIF (SETTE Impact Factor).
- Извештајот е во електронски (PDF) формат прилагоден за пребарување, со можност за соодветно прилагодување на Вашите потреби
- Се изработува и доставува секојдневно, со можност за збирен неделен или месечен извештај.
- Со овој модел на клипинг, целосно сe информирате за областа во која делувате, областите од Ваш интерес, регионот во кој работите или живеете, Вашата преокупација и сл.
Advertising (рекламен) клипинг извештај
- Претставува приказ на сите рекламни пораки објавени во печатени медиуми, значајни за Вас.
- Извештајот е во електронски (PDF) формат и содржи статистички податоци за рекламните пораки, нивен споредбен неделен и/или месечен преглед поделен по медиуми, сектори и компании, но и преглед на потрошените финансиски средства
- Со advertising извештајот следете ги промените во медиумскиот буџет на Вашите конкуренти.
HR клипинг извештај
- Содржи целосен преглед на сите огласи за вработување нивен автентичен изглед и транскрипција.
- Секој оглас во извештајот е надополнет со следните пропратни елементи (медиум, датум на објавување, број и позиција на страна, површина која ја зафаќа, компанија – огласувач, област во која дејствува, вид и број на потребен кадар и сл.
- Извештајот е во електронски (PDF) формат прилагоден за пребарување, со можност за соодветно прилагодување на Вашите потреби.
- Се изработува и доставува секојдневно.
HR анализа
- Претставува статистички преглед на сите огласи за вработување објавени во печатените медиуми.
- HR анализата содржи споредбен неделен и/или месечен преглед на огласите за вработување поделени по сектори на огласувачи, профилот на потребниот кадар, бројот на кадар кој се бара, регионот во кој се наоѓа работното место и сл.
Медиумска анализа
- Детална неделна или месечна анализа на објавите во печатените медиуми во Македонија прилагодена на Вашите потреби.
- Содржи споредбен месечен преглед на рекламните објави за сите печатени медиуми во РМ поделени по сектори, месечен преглед по видови на огласи, соопштенија и реклами, остварени приходи по стандарден ценовник, и сл.