Претходно 1 2 3 4 Следно

Постигнете го совршеното и во Вашиот бизнис

Паметни алатки за паметни бизниси кои целат кон нови височини

За нас


СЕТТЕ е амбициозна и брзорастечка компанија која делува на полето на мониторингот на медиумите.

СЕТТЕ Медиа Мониторинг врши систематско следење на печатените медиуми во Р. Македонија и единствено во Македонија обезбедува мониторингот на online медиумите од целиот свет. Овозможуваме филтриран мониторинг на информации од 40.000 извори од 140 земји на 40 јазици.

Со примена на уникатни софтвери за следење и обработка на печатените и електронски медиуми, нашите услуги се ценовно конкурентни, а голем дел од нив единствени во Македонија.

Нашето интелигентно решение ќе Ви помогне да не лутате низ морето од информации кое од ден на ден е се поголемо и за кое се потребни поголеми трошоци за наоѓање на правата информација.

Нашиот тим од млади и квалитетни луѓе е подготвен да одговори и на најпрефинетите барањата на клиентите и да им го олесни нивниот процес на работење. Нашиот кадар ужива во својата работа и со голема љубов и посветеност приоѓа кон решавање на секоја Ваша потреба.

Постоиме за да го олесниме Вашиот живот, да потврдиме дека секоја релевантна информација, анализа или извештај се испратени до Вас и ги добивате пред сите останати. Тоа ќе Ве направи поконкурентни на пазарот и секогаш ќе бидете најмалку чекор пред другите.

SETTE не застанува тука. Целта ни е да прераснеме во клучен партнер на секоја организација преку усовршување на постојните услуги и континуирано воведување на иновациски услуги во комбинација со вложување во најдобриот кадар.

Во нашата деловна култура, целосно е прифатена вредноста на квалитетната корисничка поддршка, што ќе ја забележите уште при првиот контакт со нас.

Секогаш достапни за Вас.